Рама и Курти за силна соработка меѓу Албанија и Косово
0
24
Албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес конференција со неговиот косовски колега Албин Курти, кој денеска престојува во Тирана, рече дека соработката со Косово е нивен приоритет над приоритетите.
„Сакам да истакнам дека сме сто отсто посветени во поддршка на Косово во битката за целосно признавање како суверена и демократска држава“, рече Рама.
Курти, пак, рече дека сака силна соработка меѓу Косово и Албанија во оваа декада.
„Се договоривме за меѓудржавна комисија, со министри и пратеници, тие 77 договори да бидат имплементирани, но и да се зголеми нивниот број“ рече Курти.
Инаку ова е прва официјална посета на Курти на странска земја откако беше избран за премиер на Косово на трети февруари.
Косовскиот премиер Курти во прва официјална посета на Албанија