Морисон: Помошта за Украина беше задржана по барањето за истрага на Бајден
0
52
Тимоти Морисон, поранешниот висок функционер на Белата куќа, потврди дека воената помош за Украина била задража по барањето на претседателот Доналд Трамп за истрага на неговиот демократски ривал Џо Бајден, но дека во тоа нема ништо нелегално, објави новинската агенција Асошиејтед прес.
Тимоти Тим Морисон, кој се повлече од Советот за национална безбедност ден пред неговото сведочење, помина повеќе од осум часа зад затворените врати со иследниците во истрагата за импичмент на Трамп.
„Сакам да бидам јасен, не бев загрижен дека се дискутира за нешто незаконско“, рече Морисон за клучниот телефонски повик меѓу Трамп и украинскиот претседател, според подготвените забелешки до кои дошол Асошиејтед прес.
Морисон, исто така, го потврди она што дипломатот Вилијам Тејлор им го кажал на истражителите во неговото сведочење - дека Морисон имал „чувство на тонење“ кога дознал дека Трамп барал од Украинците јавно да објават истрага за Бајден и демократите, објави АП.