Во Русија пет луѓе починале од труење со контаминиран алкохол
0
63
Најмалку пет луѓе загинале во рускиот град Перм откако испиле контаминиран алкохол, соопштија тамошните власти. Ова е последниот од низата настани предизвикани од конзумирање на отровен алкохол.
Рускиот Истражени комитет денеска соопшти дека тројца членови на едно семејство и двајца нивни соседи починале откако конзумирале алкохол.
Бројот на починати од труење со алкохол во Русија се искачи на 26
Комитетот рече дека е започната истрага за, како што наведено, „продажба на производи кои не одговараат на безбедносните прописи и предизвикале смрт на две или повеќе лица“.
Истиот ден, полицијата во Казан, главниот град на соседната Република Татарстан, соопшти дека привела четворица мажи осомничени за производство и продажба на алкохол што содржи метанол - токсичен вид индустриски алкохол.
Два дена претходно, 15 студенти беа хоспитализирани во Казан, откако испиле алкохол што содржи метанол. Во болница во тешка состојба се наоѓаат три девојки поради пиењето нечист алкохол.
Минатиот месец, во масовното труење со контаминиран алкохoл во регионите Свердловск, Курган и Оренбург починаа повеќе од 70 луѓе.
Во Русија редовно се случува труења со домашен или со криумчарен алкохол бидејќи луѓето бараат поевтини опции од вотката купена во продавница.
Во декември 2016 година, 78 луѓе починаа во сибирскиот град Иркутск и во неговата околина, откако испиле миризлив лосион за капење кој содржел метанол.