Шест луѓе убиени во пукање во јужна Германија
0
28
Шест луѓе се убиени денеска во пукање во малиот град Рот ам Зее во јужна Германија, јавува германската агенција ДПА повикувајќи се на свои извори. Полицијата од соседниот град Аален на својот профил на социјалната мрежа Твитер наведе дека е во тек „голема полициска акција“ во Рот ам Зее по пукањето во кое загинале неколку лица, а има и повредени. Според првичните информации на полицијата лицето кое пукало имало лични односи со една или повеќе од жртвите. Градот Рот ам Зее се наоѓа околу 170 километри северозападно од Минхен.