Москва остана без организацијата на Шаховската олимпијада
0
127
Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) денеска соопшти дека Шаховската олимпијада годинава нема да се одржи во Москва, откако руската војска ја нападна Украина.
„На вонредниот состанок, одржан денеска, одлучено е сите планирани натпреварувања да се преместат од Русија“, се наведува во соопштението на ФИДЕ.
Откажана трката на Формула 1 во Сочи, финалето на Лигата на шампиони преселено од Санкт Петерсбург во Париз
Освен Олимпијадата, закажана за периодот од 26 јули до 8 август, во Москва требаше да биде одржан и конгрес на ФИДЕ.
На шаховското натпреварување требаше да учествуваат 190 земји.
„Брзото влошување на геополитичката ситуација го принуди Советот на ФИДЕ да ја однесе оваа тешка одлука“, се додава во соопштението.
Меѓународниот олимписки комитет (МОК) денеска ги повика сите светски спортски организации да ги откажат или преместат натпреварувањата планирани за во Русија или Белорусија.