Ковачевски: годинава ќе биде економски тешка, функционерите одговорно да трошат
0
301
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во видео обраќање рече дека „живееме во време на огромна светска економска криза која е последица од војната во Украина“ и дека економските текови се неизвесни и ќе зависат од развојот на настаните. Тој додаде дека единствен приоритет во моментов на оваа Влада е да го заштити стандардот на граѓаните и да се одржи економска стабилност.
„Сакам јасно да порачам, сите функционери, сите оние кои работат и се платени од граѓаните, максимално одговорно да ги трошат државните пари. Нема да има разбирање и оправдување за ниеден функционер кој неодговорно ќе го троши буџетот со кој располага. Истовремено, сакам да им порачам на граѓаните и на компаниите, дека секој има одговорност за рационално користење на енергетските ресурси во време на голема енергетска криза. Ова ќе биде тешка економска година, но силно верувам дека заедно ќе ја пребродиме“, наведе премиерот.
Влада: донесени одлуките за намалена акциза и ДДВ
Ковачевски рече дека со новиот пакет од 26 мерки 400 милиони евра од буџетот ќе насочат за поддршка на граѓаните и компаниите и дека покрај сите овие кризни мерки, ја покачиле и минималната плата на 18.000 денари и имаат како што рече рекордно покачување не пензиите и финансиска поддршка за пензионерите.
Собранието ги изгласа антикризните мерки
Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека новите мерки „на власта на СДСМ и ДУИ се задоцнети и премалку за справување со кризата“ и дека се работи за гол популизам.